Милан го претрпе најтешкиот пораз оваа сезона, со 0-4 од Лацио на гостувањето на Олимпико во Рим.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја најави катастрофата на росонерите во 4-та минута, со гол од шеснаесетникот. Милан се обидуваше да изедначи и да се врати во игра, но во 38. минута, Ѕакањи го зголеми водството.
Луис Алберто заработи и реализира пенал во 67. минута, а потоа асистира за конечни 4-0, за гол на Фелипе Андерсон. Со оваа победа на Лацио, четири екипи од второто до петтото место имаат разлика од еден бод. Милан има 38, Лацио сега е трет со 37, колку што имаат и Интер и Рома.
Овој неуспех само ја потврдува очајната форма на Милан, кој нема победа на последните пет меча (три пораза), сметајќи го и Купот и првенството.