Химната на Светското првенство на ФИФА наречена Туко Така (Туко Така), изведена од американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот уметник Малума, беше објавена на официјалниот канал на ФИФА на Јутјуб.
Оваа песна влезе во историјата бидејќи за прв пат во историјата на првенствата беше отпеана на три јазици: англиски, арапски и шпански.
Песната е многу ритмичка, што е и очекувано кога станува збор за вакви настани, па акцентот за нијанси е на музиката, наместо на текстот, но како што напиша Билборд:
„Оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Миријам Ферс. Песната е за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различностите.”