Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа уште еден нов, убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три голови и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.

На самиот старт на средбата, Силјановски постигна гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 3:0.

МАКЕДОНИЈА: Хаџибулиќ, Љубевски, Крстевски, Ајетовиќ, Синани, Незир, Ристовски, Манојлов, Матески, Гаштаров, Силјаноски

Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.

Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.