Борусија Менхегладбах и шампионот Баер Леверкузен во меѓусебен дуел стартуваа во новата сезона во Бундеслигата, а првиот гол беше дело на Гранит Џака.
Швајцарскиот фудбалер налета на една одбиена топка на дуелот со Борусија и ја „искина“ мрежата на противникот. Голманот немаше шанси да ја одбрани оваа топка, а Џака од почит кон Менхенгладбах не прослави затоа што тоа е негов поранешен клуб.
Фудбалерот на Баер во 12. минута ја погоди противничката мрежа со со ставотен удар, тоа беше вистинска „бомба“ надвор од шеснаесетникот и ова веројатно е гол кој ќе биде во потесна конкуренција кога ќе се избираат најубавите во сезоната, иако е само прв.