Манчестер Сити ја запиша втората победа во новата сезона од Премиер – лигата, триумфирајќи над Ипсвич на „Етихад“ со 4-1. Ерлинг Халанд блескаше со хет-трик, додека Кевин де Бруин додаде уште еден гол за домаќините. Интересно е што Ипсвич прв стигна до водство, откако во седмата минута погоди Сами Смодиш. Илкај Гундоган се врати во тимот на Сити и доби аплаузи од трибините.

Сепак, за само десетина минути Манчестер Сити го сврте резултатот, а Халанд на крајот го запечати резултатот со својот трет гол.

https://twitter.com/i/status/1827374012504121749

Тотенхем беше убедлив против Евертон со победа од 4-0. Сон постигна два гола, додека Бисума го отвори резултатот, а Ромеро додаде уште еден.

Во другите натпревари, Фулам го совлада Лестер со 2-1, Вест Хем славеше на гостувањето против Кристал Палас со 0-2, додека Нотингем Форест минимално го победи Саутемптон на гости со 0-1 благодарение на голот на Морган Гибс-Вајт.