Екипата на РБ Лајпциг со 1-0 го совлада Бохум во првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата. Нашиот Елиф Елмас поради повреда не играше на овој натпревар, а Хофенхајм со 3-2 беше подобар од Холштен Кил, сите три гола беа дело на Крамариќ.
Елмас поради повреда не беше дел од овој меч, отседе на клупата, а во игра не влезе ниту Елези во составот на Бохум.
Единствениот гол на дуелот го постигна Нуса во 59. минута, само четири минути откако влезе во игра.
Хрватскиот напаѓач, Крамариќ ги постигна сите три гола за Хофенхајм во победата од 3-1 над Холштен Кил.
Штутгарт беше поразен со 3-1 на гостувањето кај Фрајбург, Аугсбург и Вердер Бремен одиграа нерешено 2-2, немаше победник и на дуелот меѓу Мајнц и Унион Берлин кој заврши 1-1.