Алваро Џало не искористи пенал во шестата минута, односно неговиот удар го одбрани голманот Лунин, а потоа Брахим Дијаз погоди за водство на „кралевите“ од 1-0.
Победата на „кралскиот клуб“ ја потврдија бразилците Винисиус Жуниор и Родриго во второто полувреме, односно 58. и 61. минута.
Реал Мадрид е прв во групата Ц со 12 бодови, односно пет повеќе од Наполи, Брага е трета со три, а Унион Берлин има само еден бод.
Интер славеше на гостувањето кај Салцбург со голот на Лаутаро Мартинез и така „нераѕурите“ се пласираа во следната фаза на ЛШ.
Реал Сосиедад и Интер имаат по 10 бода во групата, Салцбург е трет со три бодови, додека Бенфика е без бодови.
Арсенал – Севилја 2-0
Баерн Минхен – Галатасарај 2-1
ПСВ – Ленс 1-0