Дуелот беше израмнет во првите четири гема (2-2), по што Русинот направи два брејка со кои стигна до 4-2. Ѓоковиќ успеа да врати еден брејк и да намали на 4-5, но немаше сила за повеќе, па првиот сет му припадна на Медведев (6-4).
Ѓоковиќ имаше ужасен почеток на вториот сет бидејќи го загуби првиот гем на свој сервис, по што Медведев сервираше одлично и со 6-4 обезбеди финале.
Медведев во финале ќе игра против сонародникот Андреј Рубљов, кој претходно беше подобар од Александер Зверев со 2-0 во сетови.