Сребрениот македонски олимпиец Дејан Георгиевски дојде до европската титула на Европското клупско првенство во таеквондо, кое се одржува во Талин (Естонија).
Георгиевски поради добриот ранкинг беше слободен во првото коло, а потоа со две убедливи победи дојде до златото на ЕП за клубови и за таеквондо клубот Бутел, негов матичен, ова е второ злато од три медали досега (имаат и едно сребро).
Георгиевски продолжи со жетва на медали, а главна цел на сребрениот македонски олимпиец се Летните Олимписки Игри во Париз во 2024 година.