Олимпискиот шампион, машката одбојкарска репрезентација на Франција, нема да игра на Светското првенство доколку според планираното се одржи во Русија .
Меѓународната одбојкарска федерација се уште не одлучила дали Мундијалот ќе остане во Русија.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во петокот ги повика сите спортски организации да ги откажат или одложат натпреварите што се организираат во Русија и Белорусија и да престанат да ги користат знамињата и химните на тие земји.
МОК повика на тие чекори по тековната воена интервенција на Русија во Украина.
Светското првенство во одбојка треба да се одржи од 26 август до 11 септември во Русија