Тој сака да биде запаметен како еден од најдобрите во ова натпреварување, за што ќе му бидат потребни шампионски трофеи во две категории, нешто што досега го направија Конор Мекгрегор и Хенри Сехудо.
„Сакам да останам во перолесна категорија, дури и ако одам во потешка категорија. Не сакам да се искачам во лесна категорија и да останам таму. Сакам да бидам двоен шампион, да држам две титули“, изјави Волкановски.
УФЦ-борецот, кој е горд на своето македонски потекло,прво сака да ја одбрани титулата против Чан Сунг Јунг на УФЦ 273 на 9 април, а победата во оваа битка може да му донесе трет дуел со Макс Холовеј. А, потоа, негова цел е двобој со Мекгрегор, кој беше двоен шампион.
„Тој беше во перо категорија – беше шампион во мојата категорија. Значи, морам да ги победам сите шампиони од овде. А тој остана единствениот, нели? Затоа оваа борба има смисла. Се разбира, тоа е мојот сон, а тогаш ќе можам да ги победам сите шампиони во горната категорија, целиот циркус околу оваа битка ќе биде одличен, како и профитот, но во однос на мојата кариера и наследство, Конор е непоразен во перо категорија и победата над него во оваа категорија ќе значи нешто“, дополни популарниот Алекс.
Лудиот Ирец во моментов се уште се опоравува од скршеницата на ногата и не е познато кога ќе се врати во октагонот.