За време на Светското првенство во Будимпешта се одвиваше вистинска драма со речиси трагичен крај. Американската натпреварувачка во синхронизирани пливање Анита Алварез се онесвести во базенот, а нејзиниот тренер ја спаси од давење .
Американската претставничка во синхронизирано пливање Анита Алварез се онесвести за време на натпревар на Светското првенство во Будимпешта и беше спасена од тренер кој скокна во базенот.
Анита Алварез по настапот во финалето на уметничкото пливање потона на дното на базенот, а тренерката Андреа Фуентес скокна во базенот за да ја спаси.
„Бевме многу исплашени. Морав да скокнам бидејќи спасувачите не го направија тоа“, изјави Фуентес.
Фуентес, облечена во маица и шорцеви, нурна до дното и ја извлече Алварез на површината пред да и помогнат да ја извлече онесвестената пливачка покрај работ на базенот.
„Бев исплашена бидејќи видов дека не дише, но сега е добро“, додаде американската тренерка. Пливачката потоа била пренесена во болница.
Четирикратната олимписка медалистка Фуентес објасни дека нејзината пливачка изгубила свест поради напор за време на настапот.
“Таа само имаше вода во белите дробови. Откако почна да дише, се беше во ред”, додаде таа, велејќи дека Алварез ќе одмори во четврток и дека треба да се натпреварува во екипна конкуренција во петок, доколку лекарите и дозволат.
За 25-годишната Алварез ова е трето Светско првенство, а таа веќе ја загуби свеста во натпреварувањето во квалификациите за ОИ лани во Барселона.