Еуфорија меѓу фановите на Караорман и Арсими, еуфорија во Струга и Чегране. По денешните баражи за пласман во ВМФЛ, Караоман на пенали беше подобар од Вардар Неготино, додека Арсими со 4:1 успеа да го победи Овче Поле.
На стадионот во Маџари беше супер интересно, иако немаше голови сепак имаше што да се види. Бројн фанови на двете екипи на трибината на “Борис Трајковски“, во финишот имаше и малку гужва, но сепак во пенал – серијата Караорман беше подобар се пласира во ВМФЛ, додека фановите од Неготино тагуваа заедно со играчите на Вардар.
Тимот на Арсими со 4:1 успеа да го победи својот ривал Овче Поле на стадионот во Ѓорче Петров. Иако Овче Поле водеше со 0:1 и тоа по кататсрофалната грешка на голманот на Арсими, сепак на крајот составот од Чегране славеше со убедливи 4:1. Имено во текот на целиот меч беше подобар тим и заслуежено успеа да се пласира во втората лига.