Реал Мадрид минатото лето го доведе Едуардо Камавинга од Рен за 35 милиони евра, а младиот Французин покажа дека е огромен потенцијал и иден првотимец на „кралевите“.

Сега шпанскиот гигант е сериозно заинтересиран за уште еден играч од Лига 1. Се работи за Орелиен Чуамени од Монако, кој исто како и Камавинга игра во средниот ред.

Реал Мадрид е подготвен да плати 50 милиони евра обештетување плус 15 милиони во бонуси за Чуамени.

Се работи за 22 годишен играч, кој игра во средниот ред и според карактеристиките треба да биде замена за Касемиро. Чуамени веќе настапи и седум пати за сениорската репрезентација на Франција.