Денеска од 17 часот се играат двете бараж средби за пополнување на единствената ВМФЛ. Познато е дека од следната сезона 2022/23, оваа лига ќе брои 16 клубови, 14 од нив се познати остануваат празни само уште две места. А тие две места ќе ги добиеме денеска околу 19 часот.
На стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје се среќаваат екипите на Вардар (Н) и Караорман. Овој меч ќе го суди Димитар Пилешков. Кој ќе победи во следната сезона ќе игра во ВМФЛ.
За оваа средба се најавува голем број фанови и на двете екипи.
И втората бараж средба, онаа меѓу Арсими и Овче Поле се игра во Скопје, но на стадионот во Ѓорче Петров. Тука судија ќе биде Јован Качевски, победникот ќе избори пласман во единствената втора лига.
Во случај на нерешен резултат по истекот на 90.минута веднаш ќе се изведуваат пенали.