Севилја одигра добар натпревар против Валјадолид, но немаше среќа и на крајот мораше да се задоволи со бод (1-1).

Двата гола на натпреварот беа постигнати во финишот, кога најпрво Валјадолид со голот на Ануар во 80. минута погоди за водство, а шест минути подоцна Рекик погоди за 1-1.

Ова се први бодови за двете екипи, кои во првото коло беа поразени. Севилја загуби од Осасуна, додека Валјадолид беше поразен од Вилјареал.

http://sportpress.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d1%99%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%b2%d0%b0%d1%99%d0%b0%d0%b4%d0%be/