Романскиот клуб ФЦСБ (Стеауа) вчера оствари победа над дански Митјиланд, а истата ја обезбеди со најбизарниот гол, кој синоќа беше постигнат на натпреварите од Лига Европа.

Домаќините водеа од 16. минута кога Танасе успеа да го отвори резултатот, а работите станаа уште појасни по само осум секунди во вториот дел.
Воиграната акција за изведување на топка од центарот на гостите се претвори во кошмар, откако голманот предоцна реагираше и топката заврши во блокот на противнички играч, а потоа и во неговата мрежа.