Легендарниот боксерски шампион Мајк Тајсон е голем тениски фанатик. Тој се навлече на овој спорт преку неговата ќерка Милан, која дури тренираше со Серена Вилијамс и многумина тврдат дека има голема иднина.
Во својот подкаст, Тајсон изјави дека тенисот му го променил животот, и дека најмногу го сака Новак Ѓоковиќ.
„Тенисот ми го промени животот. Мислев дека знам се за се и дека конечно успеав во животот кога почнав да заработувам сериозни пари. Но, ништо од тоа не е поголемо од тениските успеси на мојата ќерка. Гледам дека станува нешто што никогаш не би било доколку не бил тенисот. Има многу самодоверба и сето тоа ми се допаѓа“, изјави Тајсон, а потоа објасни зошто го обожава Ѓоковиќ:
” Сакам да го гледам. Новак е мојот омилен тенисер. Погледнете како се врати по повредата пред неколку години и како одигра против Федерер или Надал“.