Лина Ѓорческа не успеа да ја прескокне втората пречка на ИТФ фјучрс турнирот кој се игра во Трнава, Словачка за награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа денеска во второто коло беше поразена од 18-годишната тенисерка од Филипини, Александра Еала со 2-0 во сетови.
Ривалката од Филипините која е рангирана на 180. место на ВТА рангирањето одигра подобар меч, првиот сет го реши со еден брејк во десеттиот гем и со 6-4 поведе. Ѓорческа во вториот сет загуби уште поубедливо со 6-2, иако тргна добро и имаше 2-2.
Со овој настап на турнирот во Трнава, Лина Ѓорческа ќе освои шест поени за рангирањето.
Следната седмица тетовчанката ќе игра на уште еден турнир во Трнава, од серијата W75 и според сегашните резултати ќе треба да игра квалификации.