Македонските фудбалески надежи до 19 години ја совладаа репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 2-0 во вториот пријателски натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Со головите на Каба Јакупи во 52. минута и Фикрет Љуварека во втората минута од судиското продолжение, Македонија У19 со 2-0 ја совлада Босна и Херцеговина У19.
Ова беше втор пријателски дуел меѓу овие селекции, пред два дена ние загубивме од Босанците со идентични 2-0.