За многумина Франц Бекенбауер е најдобар германски фудбалер во историјата, но истовремено и еден од најдобрите во историјата на фудбалот, игра која ги зближува и сплотува фановите кога се великаните во прашање.
Големиот Кајзер Франц е токму таков и неговата смрт не остави никого рамнодушен, па покрај тажните пораки за неговото заминување во вечноста, светските медиуми се потсетуваат и на неговите генијални бравури кои никогаш нема да бидат заборавени.
Бекенбауер остави длабока трага во фудбалот и секогаш ќе остане запаметен како човек кој донесе ново значење на позицијата „центархалф“, а иако има безброј потези од кариерата кои можат да се издвојат како магични, сепак еден гол никој после него не успеа да го повтори.
Станува збор за неговиот гол од слободен удар на натпревар против Дуизбург, кога Франц погоди со тривела техника уште во 70-тите години на минатиот век.