Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, вчера тренираше со екипата откако кон средината на минатиот месец заработи нова повреда на мускулот. Иако тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, неодамна изјави дека нема да ризикува со талентираниот Шпанец, „АС“ тврди дека Педри не само што ќе патува со тимот за шпанскиот Суперкуп турнир во Саудиска Арабија, туку и ќе заигра.
Тимот на Барселона денеска патува за Ријад и за два дена ќе се судри со Осасуна во второто полуфинале на турнирот. Се очекува Педри да не игра на овој натпревар, но ќе настапи во евентуалниот финален натпревар против Реал Мадрид или Атлетико Мадрид, под услов се да биде според планот и Каталонците да се квалификуваат во финалето.
Пред неговата последна повреда, Педри беше надвор од терените меѓу август и ноември поради уште една повреда.