Екипата на Партизан започна фуриозно, но го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола во Евролигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Фенербахче со 76-91.
Конечниот резултат речиси е неверојатен ако се има предвид фантастичниот старт на белградскиот тим во првата четвртина кој имаше и 13 поени предност (29-16), а на стартот од вториот квартал дојде и до највисоките +17 (36-19). Тука Партизан апсолутно застана, Фенербахче направи 13-2 и се доближи на -6 (32-38), а нешто подоцна и на само четири поени негатива.
До финишот од третата четвртина, „црно-белите“ некако ја одржуваа предноста, а потоа следуваше клучниот период од пресметката. Пред крајот на третиот и почетокот на последниот период, Фенербахче направи серија од 16-0 и поведе со 82-64 со што ги реши сите дилеми околу победникот.
Тајлер Дорси беше иницијатор на големиот пресврт и заврши како прв стрелец на мечот со 24 поени. Пантер беше фантастичен во првото полувреме, но потоа целосно застана и заврши на 18 поени.