Никола Јокиќ на стартот на сезоната принуден е сам да го води Денвер, а рано утрово имаше трет трипл-дабл на воведните седум меча во НБА лигата, на кои двапати постигна и над 40 поени.
Србинот игра како вистински суперстар и е најзаслужен што Денвер има позитивен скор 4:3 по седум одиграни натпревари, а две од тие четири победи пристигнаа во дуелите со Торонто.
Двата тима повторно беа многу блиску до продолжение, но во големата драма, повеќе нерви имаа домаќините.
Нагетси славеа со 121:119 и се израдуваа на нова тесна победа над Рапторси, кои дефинитивно одново имаат за што да жалат во дуелот со шампионот од 2023-та година.
Јокиќ беше играч број еден на паркетот со 28 поени, 14 скокови и 13 асистенции, а конечно дочека помош и од Вестбрук кој го заврши дуелот со 21 поен, 6 скокови и исто толку асистенции.