Италијанскиот тренер Карло Анчелоти смета дека со Ендрик мора внимателно да се работи, и свесен е дека не може да му даде голема минутажа и поради тоа планира да го испрати на позајмица во друг клуб.
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што редовно ќе биде на теренот.
Како најсериозни кандидати за позајмица на Ендрик се покажаа Тотенхем и Јувентус кои во следниот период треба да преговараат со „кралевите“.