Тинејџерот Михајло Цветковиќ постави нов рекорд во српската Mozzart Bet Суперлига и од вечерва зад неговото име ќе биде запишан најбрзиот постигнат гол во историјата на српскиот фудбал.
На младиот талентиран фудбалер на Чукарички му беа потребни само неверојатни девет секунди за да го совлада голманот на Железничар во пресметката од 14. коло во фудбалскиот шампионат на Србија.
17-годишниот Цветковиќ го собори рекордот на Урош Ѓурѓевиќ од 2016 година, поставен на истиот стадион.
Тогашниот напаѓач на Партизан во десеттата секунда ја погоди мрежата на Чучарички и со тоа го престигна Борко Веселиновиќ од Рад (11 секунди).