Бразилските фудбалери побараа од соиграчот Нејмар да остане во националниот тим, по разочарувачкиот резултат на Светското првенство во Катар.
Како што пренесува веб-страницата Gol, голем број бразилски фудбалски ѕвезди, меѓу кои Винисиус Јуниор, Родриго, Ричарлисон, Рафиња, Лукас Пакетa и Антони, побарале од Нејмар да не се пензионира од репрезентацијата.
Бразил беше елиминиран од Мундијалот во Катар по изведувањето на пенали и поразот од Хрватска во четвртфиналето, а после тоа Нејмар не сакаше да каже дали ќе продолжи да настапува за националниот тим.
Нејмар сака да се одмори и да ги пропушти натпреварите на репрезентацијата кои се закажани за почетокот на следната година, но нема намера целосно да се повлече од националниот тим, објави веб-страницата Гол.
Тој го повреди зглобот на десната нога на мечот со Србија во групната фаза, пропушти два меча, но се опорави и играше во осминафиналето и четвртфиналето.