По триумфот над Рома, Кремонезе беше блиску да освои гостински бод кај Сасуоло, но домаќинот дојде до победа со гол во судиското продолжение од натпреварот.

Сасуоло и Кремонезе одиграа интересен натпревар со пет голови кој заврши со победа на домаќините од 3-2.

Со головите на Лориенте и Фратези, Сасуоло имаше водство од 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел гостите се вратија од негатива од два гола и  изедначија, но не успеаја да се спасат од пораз.

Десерс даде голови во 62. и 83. минута за израмнување на 2-2. Кремонезе беше рамноправен противник, но попушти на крајот.