Рубен Невеш е избран за замена за Серхио Бускетс и Барселона сака тоа да го реализира веќе во зимскиот преоден рок. Каталонските медиуми пишуваат дека Чави Хернандез дал зелено светло за продолжување на преговорите, а Рубен Невеш не направил никакви проблеми околу личните услови бидејќи по секоја цена сака да се пресели на „Камп Ноу“.
Него го застапува Жорге Мендеш, влијателниот агент кој е во одлични односи со Хоан Лапорта. Дури има и оптимално решение Португалецот да дојде прво на позајмица до крајот на сезоната, со задолжителен откуп, а се споменува сума од 50 милиони евра.
Рубен Невеш има 25 години, тоа е вистински момент за исчекор во кариерата, бидејќи за Вулверхемптон игра од 2017 година кога пристигна од Порто.
Каталонците прво ќе треба да продадат некого во јануари, се погласни се гласините дека заминувањето на Жерар Пике би можело значително да го олесни буџетот за плати, бидејќи тој се уште е меѓу најплатените во соблекувалната. Исто така, следното лето се очекува заминување на Серхио Бускетс и на Жорди Алба.
Барселона вечерва го пречекува Баерн императив е победа, но зависи и од Интер, односно Плзен кој не смее да загуби во Милано.