Динамо Загреб вчера доживеа вистински дебакл против Милан од 0-4 на „Максимир“, па така хрватскиот првак си ги намали шансите за европска пролет бидејќи во последното коло мора да слават против Челзи во Лондон, а притоа Салцбург да загуби од Милан.
Хрватските медиуми после натпреварот се нафрлија на македонскиот репрезентативец и капитен на екипата, Аријан Адеми, кој во минатото беше херој на Динамо Загреб.
„Сезонава најголем проблем за Динамо Загреб е Адеми. Легендата на клубот и омилен фудбалер кај навивачите игра сè полошо и не може да го издржи ритамот. Ова не е добро ниту за него, ниту за Динамо. Тренерот Чачиќ нема кого да стави на негово место, но мора да смисли решение“, пишува во анализата на хрватски „Индекс“.
Челзи е прв во групата со 10 бодови, па следува Милан со седум, Салцбург има шест, а Динамо е последен со четири бода.