Струга во Прилеп сакаше експресно да се врати на победнички патеки, но стружани беа неконкретни иако имаа повеќе посед на топката, па прилепчани го искористија моментот и Мазари со два гола го урна лидерот на табелата.
За Струга ова е втор пораз по ред, а трет меч по ред како немаа победа, па сега остануваат на 25 бода.
Љупче Дориев во 32-та минута даде гол за победа и три бода на Шкендија против „пиратите“, а Филип Обадовиќ во 23-та минута даде еден гол доволен за три бода и втора победа по ред за Силекс против Работнички, со што кратовци и дефинитивно покажуваат дека сезонава ќе играат сериозна улога во битката за Европа.
Само 18 минути на Шкупи му требаше да го наполни Тиквеш и да дојде до 3-0, а мечот не дојде ни до половина од првиот дел, но неочекувано во завршницата кавадарчани со два брзи гола во пет минути ја направија завршницата многу поинтересна, но Грузиецот Гаги Маргвелашвили ја завери победата три минути пред крајот. Марио Младеновски, Фреди Алварез и Бесир Демири дадоа голови во првиот дел за големата предност, додека Вареловски и Мишов погодија за Тиквеш.
Шкупи со ова се одмазди за поразот во првиот круг кога првакот падна во Кавадарци со порзот со 1-3.
Вчера Брегалница со 1-0 ја победи Академија Пандев, па после победата на Победа, струмичани сега паднаа на претпоследното место на табелата.
ПРВА ЛИГА, 12 КОЛО
Скопје – Шкендија 0-1 (0-1)
Дориев 32
Шкупи – Тиквеш 4-2 (3-0)
Младеновски 3, Алварез 14, Демири 18, Маргвелашвили – Вареловски 72, Мишов 77
Работнички – Силекс 0-1 (0-1)
Обадовиќ 23
Победа – Струга Трим Лум 2-0 (1-0)
Мазари 31, 72
ВЧЕРА
Брегалница – Академија Пандев 1-0 (0-0)
Додев 62