Наполи го претрпе и вториот пораз оваа сезона во италијанската Серија А, и повторно на домашен терен.

Минатогодишниот првак  загуби од Фиорентина со 1-3 на домашен терен, и сега има огромни седум бода негатива во однос на лидерот Милан, а на двонеделната пауза оди како петтопласиран на табелата. Фиорентина максимално ги искористи своите шанси и од три шута успеа три пати да ја затресе мрежата на домашниот тим.

 

Резултатот го отвори Брекало во седмата минута, Осимен пред крајот на првото полувреме израмни, но иако во продолжение се очекуваше атак на домаќините со сите сили, до тоа не дојде. Преку Бонавентура во 63. и Гонзалес во 93. минута, Фиорентина дојде до четвртата победа на последните пет натпревари и остана во чекор со Јувентус со кого го дели третото место на табелата.

Елиф Елмас не доби минутажа и не се појави на теренот што е лоша вест за македонската репрезентација пред натпреварот против Украина в сабота. Наполи сезонава има вкупно три порази, сметајќи ги сите натпреварувања и сите три ги доживеа на стадионот „Диего Армандо Марадона“.