Нема германско финале во Лига Европа. Плановите на Лајпциг ги расипа Глазгов Ренџерс со триумфот од 3-1 над Лајпциг. Шкотскиот тим во финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт кој повторно беше подобар од Вест Хем и славеше со 1-0.
Џејмс Таверние донесе водство во 19.минута, а Глен Камара пет минути подоцна зголеми на 2-0 за Глазгов Ренџерс. Кристофер Нкунку намали во 71.минута, но десет минути подоцна Лундстрам го постави конечниот епилог.
Рафаел Боре во 26.минута го постигна победничкиот гол за Ајнтрахт Франкфурт на дуелот против Вест Хем. Англискиот тим од 17.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кресвел.