Миленикот на домашната публика првиот сет го доби со 6-3, а во вториот имаше две меч топки за победа, но Белгиецот се спаси и го освои сетот со 5-7. Третиот сет беше решен во тај-брејкот, кога Надал ги спаси четирите меч топки и на крајот славеше со 11-9. За Шпанецот ова е рекордно 99-то четвртфинале на мастерс турнирите во својата кариера, а 16-то во Мадрид.
Надал во следната рунда го чека подобриот од дуелот помеѓу Карлос Алкараз и Камерон Нори, што е во тек.
Во четвртфиналето ќе играат Новак Ѓоковиќ против Хуберт Хуркач, Феликс Оже-Алиасим против Александар Зверев и Андреј Рубљов против Стефанос Циципас.