Францускиот ас Килијан Мбапе придружуван од соиграчот од ПСЖ, Ашраф Хакими, денеска пристигна во Мадрид. Навивачите на Реал Мадрид се надеваат дека тој е дојден на финални преговори со Флорентино Перез за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Шпанските медиуми објавија фотографија како Килијан Мбапе влегува во еден од најпознатите мадридски ресторани во друштво на соиграчот од ПСЖ, Ашраф Хакими. Во текот на денот тој треба да има средба со Перез и да стави потпис на преддоговор со „кралевите“.

Килијан Мбапе до крајот на мај треба јавно да соопшти дека избрал да се пресели во Реал Мадрид, а потоа и да биде официјализиран неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.