Челзи на летната турнеја во Америка не успеа да го победи Шарлот во вториот натпревар на американско тло . Во регуларното време натпреварот заврши 1-1, а потоа двете екипи на пенали го одредија победникот и домашните се радуваа со 5-3.
Натпреварот започна со околу еден час доцнење поради силна бура со грмотевици на стадионот „Бенк оф Америка“ во Шарлот. Натпреварот беше и неофицијално деби за новото засилување на лондончани Рахим Стерлинг, кој влезе како замена во второто полувреме.
Челси поведе во 30. минута со голот на Кристијан Пулишиќ. Англичаните веќе се гледаа како победници, но во судиското продолжение од мечот Чалоба направи прекршок за пенал, а Даниел Риос го претвори ударот од 11 метри во 1-1.
Двата тима потоа го одредија победникот по изведувањето пенали. Фудбалерите на Шарлот ги реализираа сите пет удари од белата точка, додека Конор Галагер го промаши третиот пенал за Челси.
Следниот тест на Челси ќе биде против Арсенал на 24 јули.