Фудбалерите на Баерн Минхен убедливо ја започнаа серијата подготвителни натпревари во пресрет на новата сезона, откако ноќеска го прегазија американскиот тим ДЦ Јунајтед (6-2).

Оваа средба ќе биде запаметена по дебито на двете големи засилувања за Баварците летово, Саудио Мане и Матијас Де Лихт, кои веднаш и ги постигнаа првите голови. Сенегалецот прв ја затресе мрежата уште во петтата минута од пенал, додека на холандскиот интернационалец, кој влезе во игра на полувремето, му требаа само две минути да ја затресе мрежата.

 

Во меѓувреме, погодоци постигнаа Салицер и Гнабри, а потоа во листата стрелци се запишаа Зиркзе и Милер, додека и домаќинот во второто полувреме ги постигна двата почесни гола.