Во дербито на Бундеслига 2 се сретнаа некогашните прволигаши Хамбург и Шалке и на крајот ги поделија бодовите со краен резултат 1:1.
Домаќините први дојдоа до водство а македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов пропушти идеална прилика да постигне гол за Шалке и да го израмни резултатот. Чурлинов одзеде една топка од последниот играч во одбраната на Хамбург и се најде очи в очи со голманот и од околу 11 метри топката ја упати крај голот.
Сепак до крајот на натпреварот vo 87. минута Итакура израмни на 1:1. Шалке остана на делба на третата позиција заедно со Хамбург и имаат по 30 бода.