Севилја успеа да слави поведа (2-1) над актуелниот првак Атлетико Мадрид и се доближи до лидерот Реал Мадрид со само пет бода заостанување.
Иван Ракитиќ со прекрасен гол донесе водство за тимот од Андалузија во седмата минута, а Атлетико Мадрид возврати преку Фелипе во 33.минута. Сепак, во финишот, Лукас Окампос постигна победнички погодок во 89.минута и обезбеди триумф за Севилја. Жоао Феликс во судиското продолжение ја погоди гредата од домашниот гол.
Реал Мадрид, кој е погоден од коронавирусот, утре го пречекува Кадиз на „Сантијаго Бернабеу“.