Арсенал ја оствари третата последовна победа, вкупно десетта оваа сезона во Премиер – лигата откако славеше убедливо на гости против Лидс Јунајтед со 1-4. Сега „топчиите“ можат да се надеваат дури и да се замешаат во трката за врвот, а се зацрвстија на четвртото место на табелата.

Габриел Мартинели беше стрелец на првите два гола, а Бакајо Сака до крајот на првиот дел зголеми на 0-3.

Рафиња од пенал во 75.минута го постигна почесниот гол за Лидс, а Емит Смит Роу ги постави конечните 1-4 на „Иланд Роуд“.

Standings provided by SofaScore LiveScore