Екипата на Барселона се намачи, но оствари уште една победа под водство на Чави. На „Камп Ноу“ падна тимот на Елче, кој беше совладан во меч со пет гола 3:2 и со многу мака, иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит.
Барселона набрзина во 16. и 19. минута стигна до 2:0 преку Хутгла и Гави.
Во второто полувреме шок за Барселона. Само за 60 секунди се падна во вода. Во 62. и 63. минута одбраната на Барселона потфрли па Тете Моренте и Миља изедначија на 2:2 и следеше драмата.
Барселона на победнички погодок чекаше дури до 85. минута. Спасител на тимот беше тинејџерот Нико кој влезе од клупата за резерви и му возврати на Чави за довербата со погодок вреден три бода.