Екипата која се натпреварува во англискиот Чемпионшип, Ковентри се пласира во полуфинале на ФА купот, што значи дека ќе игра на „Вембли“, откако на неверојатен начин го совлада Вулверхемптон со 3-2.

Сите пет гола паднаа во второто полувреме. Ковентри поведе со еден контроверзен гол кој дури пет минути беше проверуван со ВАР технологија, а во 83-та и 88-ма минута премиерлигашот даде два гола за пресврт.

Но сепак, тоа не значеше дека Ковентри се предаде, напротив, длабоко во судиското продолжение, во 97-ма и 100та минута постигна голови и направи вистинско чудо за кое уште долго ќе се раскажува.

Ова е голот кој го односе Ковентри во полуфинале на Купот:

https://twitter.com/i/status/1769005467961851986