Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи својата голгетерска серија оваа сезона, која веќе е негова најдобра во кариерата. Македонецот беше стрелец за Абердин во ремито (1-1) против Данди Јунајтед. Ова беше негов 11-ти гол оваа сезона, со кој се проби на второто место на листата на стрелци во првенството на Шкотска.

Миовски погоди во 31.минута од белата точка, а Данди успеа да израмни во 55.минута преку Ашрофт.

 

Освен тоа, ова беше негов четврти гол во последните пет меча во сите натпреварувања. Претходно погоди погоди против Рос Каунти во првенството, Клајд во ФА Купот и Сент Џонстон, повторно во првенството. Единствен натпревар на кој не успеа да погоди е оној против Хартс пред три дена кога Абердин загуби со 0-2.