Големи и важни три бода за тимот на Елче вечерва среде Барселона на гостувањето кај Еспањол. Триумф од 1:2 и тоа најмногу благодарение на Пере Миља кој со головите во 6.и 14.минута уште на самиот старт го реши победникот. Во продолжение од средбата домашниот состав на Еспањол успеа само да го убажи поразот и тоа со гол на Де Томас во судиското продолжение од првото полувреме.

Ова беше меч од 20.коло во Ла Лига, а со овие три бода, Елче сега има 19 и избега од опасната зона на табелата.