Фудбалската репрезентација на Нигерија го совлада Египет со 1-0 во дербито на 1.коло од групата Д на Африканскиот куп на нации и изби на врвот на табелата, барем додека Судан и Гвинеја Бисау не го завршат нивниот дуел.
Нигерија поведе во 30. минута со извонредниот гол на Келечи Ихеначо, кој шутираше од прва по приемот и постигна одличен гол.
Ова беше и најсериозната прилика на двете страни, а веќе во првите минути од продолжението Таиво Авонији ја погоди гредата и го остави во игра дотогаш скромниот Египет.
Избраниците на Мохамад Салах, најблаго кажано, не се истакнаа на овој меч, а доказ за тоа е само еден удар кон голот на ривалот за повеќе од еден час игра.
Токму Салах ја имаше најзрелата прилика за „фараоните“ во 71. минута, но неговиот лукав удар го прочита нигерискиот голман.
Нигерија не форсираше премногу, умешно ја задржа минималната предност и на крајот заслужено победи, а Салах и другарите во следното коло од дното на табелата ќе се сретнат во случај на реми на вториот пар.
https://www.youtube.com/watch?v=3dXdHrDp21w