Самата ФФМ преку судиската комисија призна три крупни грешки на Влатко Илиоски, кој им поништи чист гол на вардаци во четвртата минута, па свирна непостоечки пенал пред полувремето и врв на сѐ со вториот помошник магично не видоа чиста ситуација и досудија непостоечки офсајд и за тоа донесе одлука за суспензија на главниот арбитар. Арно ама, прилепчанецот Илиоски нема да се лади за грешките, туку за својата арбитража во завршницата на сезоната, сепак ќе си наплаќа судиски такси и дневници, макар „свирел“ и во третолигашката конкуренција.
Делегиран е за пресметката утре во вонредното коло во Третата лига – Југ на мечот Динамо – Превалец. И од ФФМ толку траеше фамозната суспензија, три дена, зашто за Вардар мала утеха беше сето тоа, кога го отпишаа од борбата барем за баражот, а со ова делегирање ФФМ како и „милион пати“ досега не си ги почитува сопствените одлуки и правила.