Фудбалерите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит во среда од 19 часот ќе го одиграат големото дерби во хрватскиот шампионат, а пред дуелот се случи вистински хаос меѓу навивачите. Сајтот „Хулиганс” објави дека хулиганите на „Торцида“ и „Бед Блу бојс“ имале невидена физичка пресметка, а полицијата не може да потврди колку навивачи учествувале и какви предмети користеле.
„Холиганс“ извести дека околу 20-30 навивачи на Хајдук имале мачети и секири, додека 40 фанови на Динамо носеле други предмети со нив.