Договорот паднал уште во февруари годинава, а бидејќи негов агент е поранешната ѕвезда на Каталонците, Деко, преговорите оделе лесно и брзо. Проблем прави Лидс јунајтед, кој бара обештетување од 55 милиони евра.
Барселона е во тешка финансиска состојба и дефинитивно не може да плати толкаво обештетување. Шпанскиот тим се надева дека ќе може да ја намали сумата со тоа што можеби во трансферот ќе вметне некој фудбалер.