Карим Адејеми имаше одлична шанса во 16. минута, кога испрати силен удар по средината на голот на Њукасл, но голманот одбрани.
Дортмунд поведе во 26. минута кога Марсел Сабицер го пронајде Никлас Фулкруг во казнениот простор, а тој ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0.
Жоелингтон имаше одлична можност да израмни на 1-1 во финишот на првото полувреме, но Грегор Кобел успеа да го спаси голот на „милионерите“.
Во вториот дел двете екипи имаа по неколку одлични шанси, а до втор гол стигна домаќинот во 79. минута кога Џулијан Брандт го матира Поуп.
Бундеслигашот е прв на табелата со седум бодови, односно еден повеќе од ПСЖ и три повеќе од Њукасл, додека последен е Милан со два бода.