Вториот ден од католичкиот Божиќ традиционално е резервиран за англиската Премиер лига, а актерите на дербито помеѓу Манчестер Сити и Лестер не разочараа.
На „Етихад“ видовме дури девет гола, а „граѓаните“ триумфираа убедливо на крајот од одличниот натпревар со резултат 6:3 (4:0).
Уште на стартот добивме навестување за голеада, бидејќи домаќинот веќе во 25. минута водеше со 4-0.
Кевин де Брујн ја затресе мрежата на Каспер Шмајхел во 5. минута, Ријад Марез во 14. минута од пенал, Илкај Гундоган во 21. минута и Рахим Стерлинг во 25. минута од уште еден пенал.
Многумина мислеа дека тогаш е готово, односно дека „лисиците“ ќе се предадат, но тие се вратија во игра за само 11 минути игра во второто полувреме .
Најпрвин Џејмс Медисон во 55. минута намали на 4:1, а во 59. минута мрежата ја погоди и Адемола Лукман, за во 66. минута Келечи Ихеначо да донесе вистинска драма.
Но, драмата не траеше, бидејќи веќе во 69. минута Ајмерик Лапорт со глава од корнер зголеми на 5:3.
Конечниот резултат и сите сомнежи ги отстрани Стерлинг со својот втор гол во 87. минута.
Арсенал беше многу убедлив на гостувањето кај последнопласираниот Норич и славеше триумф со резултат 5:0 (2:0).
Во првото полувреме погодија Букајо Сака и Кенан Тирни за водство од 2-0, а потоа Сака во 67. минута и Лаказет и Смит Роу ја комплетираа „петардата“ на популарните „топчии“ во 84. и 90. минута.
Вест Хем им приреди непријатно изненадување на своите навивачи бидејќи во Лондон загуби од Саутемптон со 3:2 (1:0).
Гостите три пати имаа водство, а „чеканите“ двапати се враќаа, но третиот пат не им успеа.
С’отон поведе со голот на Елонуси во 8. минута, за првпат да израмни Антонио во 49. минута.
Вард-Праус донесе 2:1 во 61. минута од пенал, а само три минути подоцна Бенрахма донесе ново израмнување.
Сепак, во 70. минута Беднарек постигна гол за конечни 3:2, со што Саутемптон ја донесе првата победа во последните седум натпревари.
Тотенхем не дозволи изненадување во престолнината пресметка и со резултат 3:0 (2:0) го победи Кристал Палас.
Стрелци за „пејачите“ беа Хари Кејн и Лукас Моура во 32. и 34. минута, а бод стави Хјунг-Мин Сон во 74.
Премиер лига, 19. коло:
Манчестер Сити – Лестер 6:3 (4:0)
Де Брујн 5, Марез 14п, Гундоган 21, Стерлинг 25п, 87, Лапорт 69 – Медисон 55, Лукман 59, Ихеначо 66
Норвич – Арсенал 0:5 (0:2)
Сака 6, 67, Тирни 44, Лаказет 84, Смит Роу 90 + 1
Тотенхем – Кристал Палас 3:0 (2:0)
Кејн 32, Лукас Моура 34, Сон 74
Вест Хем – Саутемптон 2:3 (0:1)
Антонио 49, Бенрама 64 – Елјунуси 8, Ворд-Праус 61 п, Беднарек 70